Достапни линкови

Два часа пауза за да се нумерира листата со докази за „Труст“


Сеад Кочан

Судијката Лидија Трајковска-Зимбовска даде два часа пауза на рочиштето за „Труст“, со цел СЈО уште еднаш да ја отпечати листата на докази, кои се испишани на 80-тина страници.

Адвокатите побараа овој пат листата на докази да биде нумерирана за полесно да го следат изведувањето на докази пред Судот.

Пред Судот попладнево треба да сведочи и управителот од „Силекс неметали“, кој не се појави на минатото рочиште.

Во „Труст“ првоосомничен е бизнисменот Сеад Кочан, а обвинети се уште две физички и три правни лица, меѓу кои и управителите на фирмите „Трансмет“, „Силекс“ и „Вато“ ДООЕЛ од Студеничани за местење на тендер на ЕЛЕМ се сослушуваа сведоци.

Според СЈО, доставувајќи фалсификувани документи за сопственост на механизација и за кадровска екипираност, три фирми, здружени во конзорциум, го добиле тендерот на ЕЛЕМ од околу 17 милиони евра.

XS
SM
MD
LG