Достапни линкови

Судења за Труст и за Сопот во Кривичниот суд во Скопје


Сеад Кочан

Во скопскиот Кривичен суд денеска треба да се одржат рочишта за предметите „Труст“ и „Сопот“.

Во случајот „Труст“ на СЈО првоосомничен е бизнисменот Сеад Кочан, а обвинети се уште две физички и три правни лица, меѓу кои и управителите на фирмите „Трансмет“, „Силекс“ и „Вато“ ДООЕЛ од Студеничани за местење на тендер на ЕЛЕМ.

Предметот „Сопот“, пак, е од 2003 година кога двајца полски војници и еден македонски државјанин загинаа кога теренско возило на НАТО нагази на мина. Во овој случај десет лица се осудени за тероризам. Тие се товарат дека во 2003 година подметнале експлозивна направа на локалниот пат Сушево-Сопот.

„Сопот“ е повторно отворен годинава. СЈО го презеде случајот, затоа што во јавноста беа објавени разговори на владини функционери поврзани со овој случај.

XS
SM
MD
LG