Достапни линкови

Израел одбива да ја прими наградата на УНЕСКО за природни науки


Агенцијата на ОН за образование, наука и култура одлучи достигнувањта во областа на природните науки да му припаднат на израелскиот институт "Волкани", но израелската влада одлучи да ја одбие наградата поради "антиизраелските резолуции" кои оваа агенција ги усвојуваше.

„Институтот успешно ги развиваше иновациите и најновите методологии во земјоделскотот истражување со практични примери, како и капацитетите на изградба на програми за обезбедување на храна во сушни, полусушпни и пустински предели,придонесувајќи за човечката добрина,“ наведе Ирина Бокова од УНЕСКО, во образложенеито на одлуката.

Меѓутоа Израел одлучи да не присуствува на доделувањето на наградата за природни науки кое ќе се одржи за две недели. Официјален претставник на Израел соопшти дека нема сомневање дека истражувачите на Волкани центарот се заслужни за наградата, но дека нема да ја примат од организацијата која порано поддржувала политички резолуции против Израел. Тој додаде дека намерата на Израел не е да ја негира наградата и меѓународното признание на институтот кој тоа го заслужува, туку дека наградата нема да ја примат за да ја легитимизира УНЕСКО.

Американскиот претседател Доналд Трамп неодамна одлучи неговата земја да се повлече од УНЕСКО поради необјективноста кон Израел, а Израел се уште размислува за своето членство во Агенцијата.

XS
SM
MD
LG