Достапни линкови

Путин: Постои шанса за мир во Сирија


„Постои реална шанса да се стави крај на оваа граѓанска војна”, изјави рускиот претседател Владимир Путин за ситуацијата во Сирија.

"Очигледно е дека реформскиот процес нема да биде едноставен, туку ќе бара компромис и отстапки од сите страни, вклучувајќи ја и сириската влада", додаде тој.

Русија и Иран ја поддржуваат владата на претседателот Башар ал Асад во повеќе од шестгодишната војна во Сирија, додека Турција и Соединетите Држави поддржуваат различни бунтовнички групи кои бараат апсење на Асад. Екстремистичката организација Исламска Држава исто така влезе во борбите и се спротивставува на сите други страни.

Сириските опозициски групи се закажани да се состанат во Саудиска Арабија утре, во обид да формираат едно претставничко тело за нов круг разговори спонзорирани од ОН во Женева следната недела. Западните сили го повикаа Асад да ја напушти власта откако во 2011 година избувна војната, а неговата судбина беше клучно прашање во претходните мировни разговори.

XS
SM
MD
LG