Достапни линкови

Харири вети дека ќе остане премиер


Премиерот на Либан Саад Харири денеска им вети на илјадници негови приврзаници дека ќе остане во својата земја, истовремено изјавувајќи дека интересите на Либан се над се.

„Прво Либан. Ништо не е подрагоцено од нашата земја,“ изјави Харири во триумфалниот говор пред својата резиденција.

Тој претходно во претседателската палата изјави дека ја одложува оставката, одговарајќи на барањето на претседателот на Либан оставката да ја стави на чекање за да има повеќе време за консултации.

Харири на 4 ноември неочекувано во телевизиско обраќање од Саудиска Арабија објави дека поднесува оставка, што пак предизвика криза во Либан и доведе до обвинувања дека до таков чекор го присилил Ријад и дека го држи во заложништво. Ваквите обвинувања ги негираа и Саудиска Арабија и Харири.

XS
SM
MD
LG