Достапни линкови

Разговор на Мијалков и Тачи од „бомбите“ ќе биде доказ во „Титаник 2“


Архивска фотографија: Поранешниот директор на УБК Сашо Мијалков и поранешната министерка за внатрешни работи Гордана Јанкулоска

Два прислушувани разговора, од кои едниот необјавен, ќе можат да се користат како доказ во судската постапка за предметот „Титаник 2“ на Специјалното јавно обвинителство, одлучи денеска Апелациониот суд - Скопје.

Во една од снимките што беше јавно објавена се слуша разговор меѓу поранешниот директор на УБК Сашо Мијалков и лидерот на ДПА Мендух Тачи во кој тие се договараат за гласање во однос на поднесени приговори за изборите во ДИК.

Во „Титаник 2“ обвинети се Мијалков, Тачи, поранешните членови на ДИК, Бедредин Ибраими, Анета Стефановска и Влатко Сајковски, актуелниот член на ДИК, Сашо Срцев, како и петмина судии во Управниот суд.

XS
SM
MD
LG