Достапни линкови

Дачиќ - Србија нема да го признае Косово за да се зачлени во ЕУ


Српскиот министер за надворешни работи Ивица Дачиќ

Полноправното членство во Европската унија претставува апсолутен надворешно-политички приоритет на Белград, но Србија нема да ја признае независноста на Косово за да стане членка на Унијата, изјави во Буенос Аирес српскиот министер за надворешни работи Ивица Дачиќ.

Дачиќ, наведе дека постигнувањето на политичко решение во однос на прашањето за Косово е национален приоритет за Србија, потсетувајќи дека српскиот претседател Александар Вучиќ покрена иницијатива со која е отворен внатрешен дијалог во Косово, со цел да се обезбеди заеднички и трајно одржлив договор за тоа прашање.

„Еден од најважните приоритети за надворешната политика на Србија, е зачувувањето на стабилноста во регионот и интензивирање на соработката во сите области, бидејќи само таков регион овозможува одржлив развој“, констатира шефот на српската дипломатија.

XS
SM
MD
LG