Достапни линкови

САД воведоа нови санкции врз фирми од Северна Кореја и Кина


Американскиот претседател Доналд Трамп, Вашингтон, 20.11.2017.

САД воведоа нови санкции врз голем број севернокорејски компании за бродски транспорт, како и врз некои кинески трговски фирми. Ова претставува најнов обид да се изолира Пјонгјанг поради неговата програма за развој на нуклеарно оружје. Одлуката на американското Министертво за финансии уследи ден откако САД ја вратија Северна Кореја на списокот држави кои финансираат терористички активности. Во спиокот се и четири кинески фирми. Овие санкции се воведи врз основа на септемврискиот указ со кој се овозможува САД да казнуваат странски фирми кои соработуваат со Северна Кореја. На тие фирми им се забранува поседување имот и деловни врски во САД.

XS
SM
MD
LG