Достапни линкови

Телефонски разговор меѓу Трамп и Путин


Претседателите на САД и на Русија Доналд Трамп и Владимир Путин

Претседателите на САД и на Русија Доналд Трамп и Владимир Путин телефонски разговарале за Сирија, Северна Кореја, Иран и Украина, соопшти Белата куќа. Тие во минатата недела имаа неколку неформални разговори во текот на самитот во Виетнам кога, според новинските агенции, ги договориле принципите за иднината на Сирија. Нивниот разговор следуваше ден откако Путин се состана во рускиот град Сочи со сирискиот претседател Башар ал Асад. По овој состанок Путин изјави дека двегодишната руска воена кампања во Сирија е при крај.

XS
SM
MD
LG