Достапни линкови

САД и Британија ја поздравија оставката на Мугабе


Роберт Мугабе

Британската премиерка Тереза Меј изјави дека оставката на претседателот на Зимбабве Роберт Мугабе и дава на таа земја „можност за нов пат, ослободен од репресијата што го одликуваше неговото владеење“. Американската амбасада во Зимбабве соопшти дека оставката на Мугабе означува историски момент за таа земја и им честита на нејзините граѓани што го подигнаа гласот. Генералниот секретар на Обединетите нации Антонио Гутереш ги повика граѓаните да останат смирени и воздржани. На улиците на главниот град Хараре се прославуваше заминувањето на Мугабе кој на власт беше 37 години. Тој вчера поднесе поднесе оставка на местото претседател на државата. Во минатата недела војската ја презеде контролата во земјата и го стави во притвор 93 годишниот Мугабе.

XS
SM
MD
LG