Достапни линкови

Илир Мета го посети Музејот на Албанската азбука во Битола


Албанскиот претседател Илир Мета

Претседателот на Албанија Илир Мета, кој се наоѓа во посета на Република Македонија, денеска престојуваше во Битола. Тој се сретна со градоначалникот на Битола Наташа Петровска, а потоа заедно го посетија Музејот на Албанската азбука во овој град.

Исклучителна е честа како претседател на Албанија да го посетам градот Битола и да го искажам задоволството што се наоѓам на едно свето место за Албанците, без разлика каде тие живеат, место каде што нашите најумни и најхрабри патриоти пред 109 години го направија унифицирањето на Албанската азбука. Битолскиот конгрес е исклучително важен настан бидејќи ја забрза процедурата за одржување на следниот уште поважен настан, а тоа беше независноста на Република Албанија, истакна Мета и јавно им се заблагодари на вицепремиерот Хазби Лика и градоначалникот Наташа Петровска за грижата што ја искажуваат за Музејот и за сите нивни планови за реставрација, надградба и збогатување на Музејот.

Тој најави поддршка на активностите што ќе се организираат следната година поврзани со 22 ноември- Денот на албанската азбука, кога се одбележуваат 110 години од Битолскиот Конгрес.

XS
SM
MD
LG