Достапни линкови

Македонците пушат, пијат и користат седативи


Околу 46 насто од граѓаните на возраст од 15 до 64 години активно пушат, 65 проценти консумирале алкохол, 24 насто во текот на последниот месец користеле седативи, а околу 40 проценти барем еднаш земале седатив во текот на последниот месец. Во текот на животот околу девет насто пробале каква било илегална дрога, а најчесто е застапена марихуаната со 8,2 проценти.

На возраст од 15 до 34 години активно пушат 40,2 насто од граѓаните, 76 проценти консумирале алкохол, 14 насто во текот на последниот месец користеле седативи, околу 60 проценти барем еднаш земале седатив во текот на последниот месец, а околу 15 насто земале канабис.

Ова го покажуваат резултатите од истражувањето „Употреба на психоактивни супстанции меѓу општата популација во Република Македонија“, чиј извештај денеска на прес-конференција го презентираше доктор Силвана Ончева од Институтот за јавно здравје. Со истражувањето биле опфатени 5.005 испитаници во скопскиот регион.

XS
SM
MD
LG