Достапни линкови

Сообраќаен хаос во Атина


Архивска фотографија: Улица во Атина

Вработените во атинското метро денеска почнаа 24-часовен штрајк што, вообичаено, предизвика хаос во сообраќајот во грчкиот главен град.

Метрото е најпопуларно средство за јавен превоз во Атина, и со него дневно се превезуваат околу милион патници.

Вработените во метрото во Атина протестираат против плановите за приватизација на компанијата. Изминатите недели работниците го блокираа метрото по неколку часа. Тие бараат средба со грчкиот министер за финансии Еуклид Цакалотос и се закануваат со дополнителни штрајкови доколку до тоа не дојде.

Ставањето на атинското метро на списокот компании кои се нудат на продажба беше еден од условите за Грција да ја добие најновата транша од кредитот од своите европски и меѓународни доверители вреден 2,8 милијарди евра.

XS
SM
MD
LG