Достапни линкови

Ер Чајна ги суспендира летовите до Северна Кореја


Свеченост по повод отворањето нов терминал на аеродромот во Пјонгјанг на 1 јули 2015

Кинеската државна авиокомпанија Ер Чајна денеска ги укина летовите до Северна Кореја поради малиот интерес, така продлабочувајќи ја изолацијата на Пјонгјанг во период на засилување на меѓународните санкции поради нејзината нуклеарна и ракетна програма. Не е соопштено кога може да се вратат летовите.

Претходно, американскиот претседател Доналд Трамп ја врати Северна Кореја на списокот на држави кои поддржуваат тероризам, но нема назнаки дека извршила такви напади.

Авиокомпаниите постепено ја намалуваа фреквентноста на летовите до Северна Кореја, зашто зголемените политички тензии дополнително го намалија и онака малиот број деловни луѓе и туристи кои патуваат во таа земја.

Не е познат статусот на летовите на севернокорејската команија Ер Корјо, иако на интернет страницата на пекиншкиот аеродром е наведено дека денешниот авион кон Пјонгјанг полетал според предвиденото.

XS
SM
MD
LG