Достапни линкови

Три години затвор за уредникот на електронското издание на „Џумхуриет“


Архивска фотографија: Човек чита весник пред седиштето на Џумхуриет во Истанбул за време на полициска операција против весникот на 31 октомври 2016

Главниот уредник на онлајн изданието на турскиот опозициски весник „Џумхуриет“ Огуз Ѓувен денеска е осуден на затворска казна од три години и еден месец, по обвинение за пропаганда во полза на терористичка организација.

Ѓувен беше уапсен во мај поради информација за сообраќајната несреќа во која загина обвинител, кој извршуваше истрага за многу случаи по воведувањето на вонредна состојба во Турција. На Твитер налогот на медиумот било објавено дека во сообраќајна несреќа загина обвинителот кој го поднесе првото обвинение против мрежата на свештеникот Фетула Ѓулен. Во Твитер објавата, која набрзо била избришана, пишувало дека обвинителот бил „покосен“. Уредникот се товари затоа што одговара и за Твитер налогот на медиумот.

Во јуни тој беше ослободен со цел да му се суди од слобода.

Обвинителите бараа 10 и пол години затвор за него.

Турските власти го сомничат Ѓулен, кој живее во САД, за организирање на минатогодишниот неуспешен воен удар во земјата. Тој негира вмешаност.

XS
SM
MD
LG