Достапни линкови

Четири години од почетокот на протестите на Еуромајдан


Молитва пред споменикот на „Небесните стотина“ во Киев

Украина денеска го одбележува Денот на достоинството и слободата, празник со кој се одбележува почетокот на протестите на Евромајдан во ноември 2013 година со кои беше соборен претседателот Виктор Јанукович три месеци подоцна.

Претседателот Петро Порошенко, неговата сопруга Марина, премиерот Володимир Хројсман и претседателот на Парламентот Андриј Парубиј положија цвеќе и запалија свеќи пред споменикот на Плоштадот на независноста. Споменикот е посветен на „Небесните стотина“, термин кој се употребува за демонстрантите убиени од безбедносните сили за време на протестите.

Движењето Еуромајдан почна откако Јанукович најави дека ги одложува плановите за потпишување Договор за асоцијација со ЕУ и оти ќе работи на поблиски економски односи со Русија.

Во февруари 2014 година, Јанукович потпиша договор со неговите противници за надминување на кризата, но кратко потоа ја напушти земјата и избега во Русија.

Москва одговори на настаните во Украина со тоа што го анектираше Крим и ги поттикна сепаратистичките движења во источна Украина што доведе до конфликт во кој досега загинаа над 10 илјади луѓе.

Москва негира вмешаност во конфликтот во Украина.

XS
SM
MD
LG