Достапни линкови

Најмалку 50 загинати во напад во џамија во Нигерија


Илустрација

Бројот на жртви во самоубиствениот бомбашки напад во џамија во североисточна Нигерија се зголеми на 50, информира полицијата, откако претходно беше објавено дека има 20 загинати. Бомбашот-тинејџер го активирал експлозивот додека верниците доаѓале на утринска молитва во џамијата во Муба во нигариската држава Адамава.

Бројот на повредени се уште се утврдува со оглед на тоа што се пренесени во различни болници, вели полицијата.

Засега никој не ја презеде одговорноста за нападот, но осомничена е екстремистичката организација Боко харам, која има изведено бројни слични напади.

XS
SM
MD
LG