Достапни линкови

Заев - Брнабиќ: Секое прашање да се решава со дијалог


Премиерот Зоран Заев и српската премиерка Ана Брнабиќ во Белград

Македонија го почитува дијалогот што Србија го отвори со Косово односно меѓу Белград и Приштина и верувам дека во интерес на Србија ќе биде најдено решение. Ние тоа го поддржуваме комплетно и се надеваме дека тоа ќе биде наскоро бидејќи тоа е важно за Србија и за нејзината европска перспектива, но исто така од тоа прашање зависи и перспективата на целиот наш регион, изјави македонскиот премиер Зоран Заев на заедничката прес-конференција со српската премиерка Ана Брнабиќ.

Ние, како што потенцираше Заев, сме блиски народи и наша обврска како политичари е да ги следиме интересите и да ја унапредуваме соработката меѓу нашите два народа.

За српската премиерка Брнабиќ, оваа прва официјална посета на македонскиот премиер на Белград е, како што кажа, добар сигнал за сите наши понатамошни активности и сите отворени прашања да се решат со дијалог.

Владината делегација, предводена од Заев ќе биде примена и од претседателот на Србија, Александар Вучиќ.

Македонскиот премиер Заев е во прва официјална посета на Белград.

XS
SM
MD
LG