Достапни линкови

Судски рочишта за „Труст“ и „Триста“


Кривичен суд Скопје

Во скопскиот Кривичен суд денеска треба да се одржат рочишта за предметите на Специјалното јавно обвинителство „Труст“ и „Триста“. Во „Труст“ првоосомничен е бизнисменот Сеад Кочан, а обвинети се уште две физички и три правни лица, меѓу кои и управителите на фирмите „Трансмет“, „Силекс“ и „Вато“ ДООЕЛ од Студеничани за учество на тендер на ЕЛЕМ, односно злоупореба на приближно 1.060.000.000 денари, одосно 17 милиони евра, пари на граѓаните. Во предметот „Триста“ пак е обвинет поранешниот помошник-министер за внатрешни работи Ѓоко Поповски за злоупотреба на службена должност во врска со јавна набавка на 300 возила. Тој се сомничи дека го оштетил буџетот за 453.570 евра.

XS
SM
MD
LG