Достапни линкови

Тилерсон: И натаму има надеж во дипломатијата за Северна Кореја


американскиот државен секретар Рекс Тилерсон

Соединетите Држави и натаму „имаат надеж во дипломатијата“ за решавање на кризата со Северна Кореја. Ова го изјави американскиот државен секретар Рекс Тилерсон непосредно откако Вашингтон ја стави Северна Кореја на списокот земји кои „поддржуваат тероризам“. Оваа земја веќе беше на овој список во 1988 и во 2008 година, но администрацијата на републиканскиот претседател Џорџ Буш ја отстрани со цел да им се даде шанса на преговорите за нејзината нуклеарна програма кои на крајот пропаднаа.

XS
SM
MD
LG