Достапни линкови

Енгел: САД секако ќе се занимаваат со дијалогот меѓу Белград и Приштина


Американскиот конгресмен Елиот Енгел

Американскиот конгресмен Елиот Енгел изјави во Приштина дека САД секако мора да се занимаваат со дијалогот меѓу Србија и Косово. „Знам дека Косово се уште не е во ОН поради проблемите кои ги создадоа Србија и Русија, а Косово не доби членство во УНЕСКО токму поради Србија. Ако Србија е дел од тоа семејство, тогаш тоа не треба да ги нарушува работите на другите држави, бидејќи не е фер Косово да биде блокирано“, рече Енгел. Тој нагласи дека Америка ќе продолжи да го поддржува Косово на сите полиња, но и во процесот на дијалог Белград-Приштина, имајќи предвид дека Рамуш Харадинај повеќе пати повтори дека би се чувствувал посигурно кога во разговорите во Брисел би биле вклучени и САД. „Разговорите во Брисел се многу важни, но е важно да се има и еден временски рок во кој Косово ќе може да се приклучи кон ЕУ и НАТО. Кога ќе се вратам ќе продолжам да работам на тоа Америка да биде присутна на Балканот и на Косово“, нагласи Енгел.

XS
SM
MD
LG