Достапни линкови

Меркел сигнализира предвремени избори


Германската канцеларка Ангела Меркел

Германската канцеларка Ангела Меркел изјави дека била подготвена да ја води нејзината конзервативна Демохристијанска унија во нови избори откако пропаднаа разговорите за нова коалициска влада. Неуспехот да состави влада ја турна оваа економски најразвиена земја во Европа во политичка неизвесност. Во телевизиското обраќање Меркел изјави дека таа повеќе преферира предвремени избори отколку малцинска влада. На изборите во септември годинава нејзиниот политички блок ги претрпе најлошите резултати од 1949 година.

XS
SM
MD
LG