Достапни линкови

Премиерот Заев во Белград на средби со српскиот државен врв


Македонскиот премиер Зоран Заев

Македонскиот премиер Зоран Заев на денешните средби во Белград со српската премиерка Ана Брнабиќ и со претседателот на Србија Александар Вучиќ ќе разговара за унапредување на односите меѓу двете земји, евроинтеграциите, како и јакнењето на економската соработка. Ова е прва посета на Заев на Србија од изборот на премиер и повеќемесечната напнатост во односите на двете земји која кулминира кон крајот на август годинава со повлекување на целиот дипломатски персонал од амбасадата на Србија во Скопје поради наводно „агресивно разузнавачко дејствување“ против интересите на Белград. Заев во интервју за белградскиот весник „Политика“, вели дека и Македонија и Србија имаат потреба за мир и стабилност во своите држави и оти е убеден дека определеноста на раководството на Србија, исто како и во Македонија, е сите прашања да се решаваат на мирен начин, преку дијалог, мудро и со чувство на одговорност.

XS
SM
MD
LG