Достапни линкови

Автобус падна во провалија во Колумбија, 14 загинати


Илустрација.

Четиринаесет луѓе загинаа, а најмалку 38 се повредени кога автобус излета од патот и падна во провалија во државата Антиокија на северот на Колумбија, соопшти денеска полицијата. Несреќата се случила вчера попладне, а се работи за локален автобус познат како „чива“. Тоа се автобуси обоени со живи бои во кои патниците се возат и на покривот. Полицијата соопшти дека автобусот паднал во провалија длабока скоро 300 метри кога возачот изгубил контрола над возилото.

XS
SM
MD
LG