Достапни линкови

Германскиот претседател ги повикува партиите повторно да размислат за коалиција


Германскиот претседател Франк-Валтер Штајнмаер

Германскиот претседател Франк-Валтер Штајнмаер денеска ги повика политичките партии да ги преиспитаат своите ставови и да овозможат формирање влада, откако пропаднаа преговорите за состав на нова влада на канцеларката Ангела Меркел.

Преговорите на Конзервативците на Меркел, Либералите и Зелените пропаднаа синоќа, по што Социјалдемократите повторија дека не сакаат нова коалиција со десниот центар.

Единствени можни опции во моментов се нови избори или малцинска влада, за што одлучува Штајнмаер, пренесува Асошиејтед прес.

Тој рече дека ќе се сретне со претставници на партиите и ќе ги повика повторно да размислат за преговори.

XS
SM
MD
LG