Достапни линкови

Претседателот Иванов ги предлага Дарко Костадиновски и Осман Кадриу за уставни судии


Претседателот Ѓорге Иванов

Претседателот Ѓорге Иванов ги предложи Дарко Костадиновски и Осман Кадриу за судии на Уставниот суд. Предлозите за двајца нови судии на Уставниот суд се доставени до Собранието, потврдија за МИА од кабинетот на шефот на државата.

Дарко Костадиновски е доктор на правни науки на Универзитетот „ Свети Кирил и Методиј“ од областа на меѓународното право. Член е на кабинетот на Претседателот од 2001 годин. Во 2015 година, Костадиновски е назначен на функцијата пратеник на Република Македонија во Алијансата на цивилизациите на Обединетите нации.

Осман Кадриу доктор на правни науки и експерт во областа на облигационото право. Предава на универзитетот ФОН, а докторирал на Правниот факултет во Белград. Тој има повеќедецениски стаж како судија во Општинскиот суд во Кичево, член на Републичкиот судски совет и адвокат, а повеќе од 10 години предава на факултет.

Костадиновски и Кадриу треба да дојдат на местото на судијките Наташа Габер Дамјановска и Гзиме Старова, на кои мандатот им заврши во октомври годинава. Тие беа избрани за судии на Уставниот на предлог на претседателот Бранко Црвенковски во 2008 година.

XS
SM
MD
LG