Достапни линкови

Штрајк на грчкиот остров Лезбос поради преголемиот број мигранти


Архивска фотографија: Кампот Мориа на Лезбос

Локалните власти и жителите на грчкиот остров Лезбос денеска почнаа штрајк против големиот број бегалци и мигранти кои се сместени во кампот Морија. Како што јави ДПА, стотици жители на Лезбос излегоа на улиците со транспаренти против властите во Атина,

Околу 8.000 бегалци и мигранти останаа на Лезбос по крајот на мигрантската криза во 2016 година, повеќето од нив сместени во кампот Морија, кој е проектиран за далеку помал број луѓе. Лошите сместувачки услови предизвикуваат чести инциденти во кампот и околу него.

Со затворањето на балканската бегалска рута на почетокот на 2016 година, Грција ја запре праксата на транспортирање на бегалците и мигрантите кои преку Турција пристигнуваа на островите Лезбос, Хиос и Кос до Атина.

Вкупно околу 15 илјади лица останаа заглавени на островите, додека уште 50-на илјади се сместени во кампови низ другите делови на Грција.

XS
SM
MD
LG