Достапни линкови

Енес Ибрахим нов претседател на Партијата за движење на Турците


Енес Ибрахим

На третиот редовен конгрес кој се одржа во Скопје, Енес Ибрахим е избран за нов претседател на Партијата за Движење на Турците во Македонија (ТХП). Од 314 регистрирани делегати, на конгресот беа присутни 298, кои едногласно дадоа поддршка на Ибрахим, кој досега ја извршуваше функцијата генерален секретар на ТХП. Тој доаѓа на местото на досегашниот партиски лидер Аднан Ќахил, кој во моментов е министер без ресор задолжен за странски инвестиции.

XS
SM
MD
LG