Достапни линкови

Почина озлогласениот лидер на култ Чарлс Менсон


Озлогласениот американски лидер на култ, Чарлс Менсон

Озлогласениот американски лидер на култ, Чарлс Менсон, почина на 83-годишна возраст, по речиси половина век во затвор. Тој беше осуден за организирање на убиството на седум луѓе.

Затворските власти соопштија дека тој починал доцна синоќа од природна смрт во болница во Калифорнија.

Семејството на Менсон, како што се нарекуваа неговите следбеници, ја уби бремената холивудска актерка Шерон Тејт, тогашна сопруга на режисерот Роман Полански, и шестмина други луѓе во Лос Анџелес во 1969 година. Обвинителите тврдеа дека целта им била за тоа да бидат обвинети Афро-Американци со надеж дека тоа ќе предизвика расна војна во САД.

Опишувајќи се себе си како реинкарнација на Исус Христос, со употреба на дроги, но и користејќи ја личната харизма, Менсон ги држел под контрола членовите на култот.

Менсон никого не убил лично, но им наредил на неговите следбеници да ги извршат убиствата. Сепак, во 1971 година тој беше осуден на смрт за убиствата.

Калифорнија ја укина смртната казна пред тој да биде погубен, па казната му беше преиначена во доживотен затвор.

За време на судењето Менсон тврдеше дека е невин, а дека самото општество е виновно.

XS
SM
MD
LG