Достапни линкови

Мугабе изјави дека останува на чело на Зимбабве


Претседателот на Зимбабве Роберт Мугабе на националната телевизија, 19.11.2017.

Претседателот на Зимбабве Роберт Мугабе изјави на синоќешното обраќање на националната телевизија дека останува на таа функција и покрај притисоците да поднесе оставка. Извори блиски на преговорите меѓу Мугабе и војската претходно најавија дека тој ќе поднесе оставка по 37 години на власт. Мугабе рече дека ќе остане на местото шеф на државата барем до конгресот на владејачката партија Зану-ПФ во идниот месец. Тој е сменет од функцијата претседател на партијата, а даден му е рок до денеска да поднесе оставка и на функцијата претседател на Зимбабве.

XS
SM
MD
LG