Достапни линкови

Албанскиот претседател Мета во Македонија


Претседателот на Албанија Илир Мета

Претседателот на Албанија Илир Мета денеска и утре ќе престојува во официјална посета на Македонија на покана на македонскиот претседател Ѓорге Иванов. Иванов и Мета денеска ќе имаат тет-а-тет средба во претседателската „Вила Водно“ по што е предвиден пленарен состанок на делегациите на двете земји. За содржината на разговорите претседателите Иванов и Мета ќе ја информираат јавноста на заедничка прес-конференција. Албанскиот претседател денеска треба да има средба и со претседателот на Собранието на Македонија, Талат Џафери.

XS
SM
MD
LG