Достапни линкови

Меркел не успеа да формира влада, на повидок нови избори


Од преговорите за формирање нова германска влада

Германската канцеларка Ангела Меркел не успеа да формира коалицисиска влада меѓу нејзините конзервативни Демохристијани, Зелените и Слободните демократи со што се отвора можноста за нови парламентарни избори. Според извори од преговарачките тимови, трите партии не успеале да воспостават меѓусебна доверба. „Подобро е да не се владее, отколку да се владее лошо“, изјави Кристијан Линдер, шеф на Слободните демократи. Меркел изрази жалење поради одлуката на Слободните демократи да ги напуштат преговорите. Таа најави дека денеска ќе го информира претседателот на Германија Валтер Штајнмаер за новата ситуација.

XS
SM
MD
LG