Достапни линкови

Еврокомесарот Хан во посета на Македонија


Еврокомесарот за проширување и соседска политика Јоханес Хан

Еврокомесарот за проширување и соседска политика Јоханес Хан денеска и утре ќе престојува во посета на Македонија во рамки на која ќе има политички и средби со претставници на граѓанскиот сектор. Хан, како што засега официјално е потврдено, ќе има средби со премиерот и лидер на СДСМ Зоран Заев, со претседателот на Собранието Талат Џафери, со лидерите на ДУИ Али Ахмети, на ВМРО-ДПМНЕ Никола Груевски и на Алијансата на Албанците Зијадин Села, објави МИА. Во рамки на посетата еврокомесарот ќе се сретне и со претставници на невладиниот сектор.

XS
SM
MD
LG