Достапни линкови

Шпенд Ахмети е старо новиот градоначалник на Приштина


Кандидатите за градоначалник на Приштина Шпенд Ахмети и Арбан Абраши.

Триесет и девет годишниот и сегашен градоначалник на Приштина Шпенд Ахмети прогласи победа во вториот круг од локалните избори на Косово. Ахмети од Движењето „Самоопределување“, според последните резултати имал само 307 гласови повеќе од Арбан Абраши од Демократската лига на Косово. И првиот мандат за градоначалник Ахмети го доби во вториот круг од изборите на 1 декември 2013 годна, кога доби околу 2.500 гласови повеќе од неговиот противкандидат Иса Мустафа, кој се кандидираше за втор мандат.

XS
SM
MD
LG