Достапни линкови

Денеска треба да продолжат судењата против Заев и Груевски


Кривичен суд, Скопје,

Во Кривичниот суд денеска треба да се појави премиерот Зоран Заев, кој е обвинет за поткуп. Во предметот „Поткуп“, судијката Деана Груевска Илиевска го одби предлогот на адвокатите на премиерот Зоран Заев, снимките од ПИ мерките кои се појавија на Јутјуб да бидат доказ во постапката. Денеска треба да продолжи и судењето во случајот „Нарачани шамари“. На обвинителната клупа се 14 лица, од кои првообвинет е екс премиерот Никола Груевски. Случајот го отвори Специјалното јавно обвинителство. Груевски е обвинет за поттикнување на насилството при протестите пред општина Центар во 2013 година.

XS
SM
MD
LG