Достапни линкови

Мета утре во Македонија


Претседателот на Албанија Илир Мета

Претседателот на Република Албанија Илир Мета утре и задутре ќе престојува во официјална посета на Република Македонија. Предвидено е тој да биде пречекан со државни и воени почести пред платото на кабинетот на Претседателот на Македонија Ѓорге Иванов кој ќе биде негов домаќин. Претседателот на Албанија Мета и неговиот македонски колега Иванов ќе има тет а тет средба во „Вилата Водно" а потоа планиран е пленаран состанок на делегациите на Македонија и на Алабнија и прес- конференција на двајцата претседатели.

XS
SM
MD
LG