Достапни линкови

Состанок на министрите на Иран, Русија и Турција за Сирија


Рускиот министер за надворешни работи, Сергеј Лавров и неговиот ирански колега Мохамед Џавад Зариф

Иранскиот, рускиот и турскиот министер за надворешни работи се состанаа во јужна Турција, на разговори околу годинешната граѓанска војна во Сирија, пред самитот меѓу претседателите на трите земји во Русија. Турскиот министер за надворешни работи, Мевлут Чавушоглу, се состана со својот руски колега, Сергеј Лавров, и Мохамед Џавад Зариф од Иран во Анталија на разговори зад затворени врати. Говорејќи по состанокот, Лавров ги опиша разговорите како "многу корисни", додавајќи дека страните "постигнале договор за сите клучни прашања".. Рускиот претседател Владимир Путин треба да се состане со своите колеги од Иран и Турција - Реџеп Тајип Ердоган и Хасан Рохани - во одморалиштето на црноморскиот град Сочи на 22 ноември, на разговори кои се очекува да се фокусираат на намалување на насилството во Сирија и прашања поврзани со испорака на хуманитарна помош во регионот.

XS
SM
MD
LG