Достапни линкови

Министрите на Арапската лига на разговори за Иран


Министрите за надворешни работи на Арапската лига на состанок во Каиро

Арапските министри за надворешни работи се собираа во Каиро на вонреден состанок на кој ќе разговараат за "прекршувањата", кои наводно Иран ги извршил во регионот. Состанокот на Арапската лига во главниот град на Египет се случува во време на зголемени тензии меѓу регионалните ривали Саудиска Арабија и шиитскиот Иран поради конфликтот во Јемен и ненадејната оставка на либанскиот премиер пред две недели. Во своето барање за состанокот, Саудиска Арабија цитираше "прекршувања што ги направил Иран во арапскиот регион, додавајќи дека тоа ја поткопува безбедноста и мирот ... низ светот", Либанскиот премиер Саад Харири, поднесе оставка на 4-ти ноември. Харири ги прозва Иран и неговата либанска шиитска Хезболах група за мешање во арапските земји. Тој, исто така, рече дека се плаши за својот живот. Хезболах е дел од либанската влада составена од ривалски фракции и сојузник на претседателот Мишел Аун, кој одби да ја прифати оставката на Харири и ја обвини Саудиска Арабија дека го држи премиерот против неговата волја. Ријад и Харири ги негираат овие обвинувања.

XS
SM
MD
LG