Достапни линкови

Мугабе разрешен од лидерската функција во партијата


Претседателот на Зимбабве, Роберт Мугабе на јавно излагање, Националната армија на Зимбабвеја презеде контролата

Владејачката партија во Зимбабве ЗАНУ-ПФ го разреши претседателот на државата Роберт Мугабе од лидерската функција во партијата, обајвија агенциите. Во извештаите се наведува дека и сопругата на Мугабе Грејс, е протерана од партијата.

Вчера, десетици илјади луѓе излегоа на улиците на главниот град Хараре, за да демонстрираат против Мугабес по неколкугодишни економски тешкотии и кршење на човековите права.

Војската на Зимбабве ја презеде власта на 15 ноември ставајќи го 93-годишниот претседател во домашен притвор и притворајќи некои од неговите сојузници.

Овој потег уследи откако Мугабе го отпушти Мнангагва, кој се сметаше за наследник на претседателот, со цел 52-годишната Грејс Мугабе да го наследи својот сопруг.

XS
SM
MD
LG