Достапни линкови

Палестинците се закануваат дека ќе ги прекинат односите со САД


Саеб Ерекат, висок палестински преговарач

Палестинските водачи соопштија дека ќе ги прекинат односите со Соединетите Американски Држави доколку ја реализираат заканата за затворање на канцеларијата на Ослободителната организација на Палестина во Вашингтон. Тензиите се зголемија откако американската администрација на 17-ти ноември наведе дека палестинските напори за поднесување обвиненија против Израел во Меѓународниот кривичен суд го прекршиле законот на САД, принудувајќи ги да ја затворат канцеларијата на ПЛО. Саеб Ерекат, висок палестински преговарач, изјави дека одлуката на САД за овој потег е "многу несреќна и неприфатлива". Тој го обвини Вашингтон дека се труди да изврши притисок од владата на израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху "во време на обиди за соработка со цел да се постигне крајниот договор". Администрацијата на Трамп не ги коментираше забелешките на Ерекат, но официјалните претставници претходно рекоа дека тоа не е потег на притисок врз Палестинците, туку последица на американскиот закон. Канцеларијата на Нетанјаху рече дека затворањето на канцеларијата на ПЛО е "прашање на американскиот закон".

XS
SM
MD
LG