Достапни линкови

Зимбабве: Разговори за повлекување на Мугабе


Демонстрантите повикуваа претседателот на Зимбабве Роберт Мугабе да се повлече

Претседателот на Зимбабве Роберт Мугабе денеска треба да се состане на разговори околу неговото повлекување, откако десетици илјади луѓе се собраа да дадат поддршка на воениот преврат во земјата до кој дојде оваа недела. Државната телевизија вчера објави дека Мугабе, исто така, ќе се состане со командантот на армијата со кој ќе разговара за неговото можно заминување. Овој потег доаѓа по еден ден откако демонстрантите ги преплавија улиците на главниот град, Хараре, танцувајќи, пеејќи и носејќи во рацете знамиња и слогани на кои пишуваше "Мугабе мора да го напушти Зимбабве". На 15 ноември дојде до интервенција на војската во Зимбабве, а 93 годишниот Мугабе беше ставен во домашен притвор. Мугабе е на власт речиси четири децении.

XS
SM
MD
LG