Достапни линкови

Ахмети: Ќе бараме осуда за геноцид врз Албанците пред 104 години


Лидерот на Демократската унија за интеграција Али Ахмети

Денеска во Зајас Кичевско беа погребани посмртни останки на албански жртви од масакри од 1913 година па сè до Втората светска војна кои беа пронајдени во гробници.

По барање на Организацискиот совет за откривање на злосторствата врз Албанците во минатиот век, лидерот на ДУИ Али Ахмети, како иницијатор на активностите за расветлување на геноцидните злосторства врз Албанците, одржа говор пред присутните при што побара солидарност од Македонцит бидеќи, наведе, и врз нив имало злосторства.

"Затоа ќе инсистираме да се носи резолуција во Парламентот за осуда на геноцидот кој е направен врз Албанците пред 104 години. Нека не се плаши никој бидеќи нема да бараме надомест бидејќи нивните животи неможат со ништо да се надоместат", рече Ахмети.

Обраќање имаше и министерот за дијаспора во Владата на Албанија Пандели Мајко кој истакна дека „овие луѓе се убивани зато што едноставно зборуваа албански“ и се заблагодари на македонската власт што овозможи да се одбележи овој настан.

XS
SM
MD
LG