Достапни линкови

Украина: Уапсен руски државјанин наводно вмешан во убиство на новинар


Главниот уредник на руското издание на Форбс Пол Клебников кој беше убиен во Москва во 2004 година.

Главната агенција за безбедност на Украина соопшти дека притворила двајца руски државјани што ги барал Интерпол, вклучувајќи и еден кој, наводно, бил вмешан во атентатот врз американскиот новинар Пол Клебников. Украинската служба за безбедност соопшти дека уапсила чеченец кој е руски државјанин кој "учествувал во голем број атентати, меѓу кои и на главниот уредник на руското издание на Форбс

Кратко откако беше назначен за прв уредник на руското издание на списанието "Форбс", Клебников бил нападнат од вооружени напаѓачи пред неговата канцеларија во Москва во јули 2004 година. Властите соопштија дека убиството било одговор на истражувачката работа на Клебникова, која вклучувала книги за рускиот тајкун Борис Березовски и чеченскиот бунтовнички водач Кож-Ахмед Нухајев.

XS
SM
MD
LG