Достапни линкови

Заев: Доаѓа времето на социјалдемократијата


Премиерот на Република Македонија Зоран Заев

„Многу се зборува за ЕУ, време е за акција“, порача претседателот на СДСМ и претседател на Владата на Република Македонија , Зоран Заев, на заедничката прес конфернција на лидерите од регионот и лидерите на ПЕС во Сараево.

„Собрани сме заедно, да најавиме дека ни е доста од квазипатроитизам и дека алтернатива е социјалдемократијата. Доаѓа време на социјалдемократијата“ изјави Заев.

Како што соопшти СДСМ, Заев ги споделил искуствата на неговата партија, што потоа станаа и дел од владината програма.

" Враќање на парите кон граѓаните, укинување на измислени давачки и такси со цел да ги олабавиме домашните буџети, повеќе пари за ранливите категории граѓани, солидарност, фер такси наспроти еднаквото оданочување кое што овозможи богатење на мала група луѓе на сметка на 80 проценти од осиромашените граѓаните. Овие вредности се социјалдемократски, веруваме во нив, ги спроведуваме", рече Заев.

Лидерот на СДСМ Заев посочил дека социјалдемократијата е потреба секаде во регионот и во Европа.

XS
SM
MD
LG