Достапни линкови

Уапсен разбојникот што ја ограби Халт Банка


Македонска полиција, МВР.

Полицијата успеала да го фати едниот од тројцата маскирани разбојници кои на 3 ноември годинава ја ограбија Халк Банка во Бутел во утринските часови.

Како што соопшти денеска МВР, се работи за 29-годишниот Е.М. од Скопје, кој е предаден на Основното јавно обвинителство во Скопје со кривична пријава за сторено кривично дело „разбојништво“.

Освен Е.М. полицијата товари уште две лица. Според сознанија од истрагата, тројцата осомничени на 3 ноември во Бутел во експозитура на Халк Банка извршиле разбојништво врз четири вработени во банката и врз еден од клиент, при што одзеле околу 1.200.000 денари, или 19.512 евра. Од банката биле одземени 1.150.000 денари, додека 50.000 денари одзеле од клиент кој во тоа време се затекнал на местото.

Од МВР велат дека припадници на полициски службеници од Одделението за имотни деликти и малолетничка деликвенција Чаир презеле сеопфатени оперативни мерки и активности

XS
SM
MD
LG