Достапни линкови

Пакистан: Продолжен рокот за прекинување на протестот


Протести во Пакистан

Пакистанската влада го продолжи за 24 часа рокот во кој исламска група треба да го распушти протестот во главниот град. Властите изутрината го поставија рокот до организаторите на протестот - партијата "Техреек-и-Лабак Ја Рашул Алах" - да кога тие треба да го прекинат протестот што го наруши животот во Исламабад.

Демонстрантите бараат оставка на министерот за правда Захид Хамид поради неодамна испуштена референца за пророкот Мухамед во нацрт-закон. Хамид се извини, велејќи дека тоа е техничка грешка што е исправена. Организаторите на протестите велат дека нема да престанат да протестираат додека Хамид не биде отпуштен, а митингот се смета за предизвик за владата.

XS
SM
MD
LG