Достапни линкови

Премиерот на Либија Харири во Париз


Либанскиот премиер Саад Харири опкружен со личности за обезбедување, зборува по телефон додека пристигнува во Париз

Либанскиот премиер Саад Харири денеска пристигна во Франција од Саудиска Арабија поради политичката криза. Либанските ТВ станици покажаа дека Харири излезе од автомобил и влезе во неговиот дом во Париз, без да зборува со новинарите. Премиерот беше придружуван од неговата сопруга Лара ал-Азм. Харири треба да се состане подоцна со францускиот претседател Емануел Макрон, кој се обидува да посредува во регионот за да спречи конфликт во Либан меѓу поддржувачите на Иран и Саудијците. Харири ја објави својата оставка на 4. ноември и со тоа предизвика сериозна политичка криза. Либанскиот претседател Мишел Аун одби да ја прифати, обвинувајќи го Саудијците дека го држат против неговата волја. Пред да замине од Ријад, Харири ги отфрли како "гласини" извештаите за неговиот наводен притвор.

XS
SM
MD
LG