Достапни линкови

Заев најави потпишување на десет договори со Бугарија


Архивска фотографија-премиерот на Македонија Зоран Заев

Премиерот Зоран Заев денеска во Струмица зборувајќи на обуката за политички лидери во организација на Институтот за политика од Република Бугарија рече дека со источниот сосед ќе се потпишат десет нови договори.

“Од сите тие договори, не сме свесни, можеби секој од нас, секој граѓанин од Бугарија и од Македонија ќе има своја полза, своја корист, придобивки, можеби повеќе пари, отворање на нов бизнис, нови културни соработки, спортски соработки, како и соработки во областа на образованието, туризмот, енергетиката се со цел подобрување на севкупната економијa” изјави Заев.

Тој нагласи дека покрај власта која ја има најголемата одговорност, општествена одговорност имала и опозицијата која покрај конструктивност треба да покаже и критичност.

“Јас би сакал и кај нас во Македонија и власта и опозицијата да стојат зад ваквите важни документи, што отвораат не само пријателство туку и големо сојузништво помеѓу Бугарија и Македонија, сѐ со цел да и им се помогне на граѓаните на Македонија, во интегративниот процес за членство во Европската Унија и во НАТО - рече Заев”, додавајќи дека тоа е посебно важно заради тоа што од први јануари, се до крајот на јуни, Бугарија претседава со Европската Унија.

Инаку на 23 ноември, односно во четврток во Струмица ќе се одржи заедничка седница на Владите на Македонија и на Бугарија.

XS
SM
MD
LG