Достапни линкови

Макрадули-до 2020 година ќе се забрани греење на јаглен


Илустрација-поглед од планината Водно на градот Скопје

Македонија до 2020 година ќе забрани јагленот да се користи како средство за затоплување истакна заменик-минситерот за животна средина Јани Макрадули, кој учествува на Светската климатска конференција во Бон. Тој во интервјуто за Дојче Веле на македонски јазик вели дека две третини од загадувањето во Скопје е резултат на затоплувањето на домовите и користењето на несоодветни материјали и затоа тоа е приоритет на Владата за решавање.

Некои податоци, вели Макрадули, покажуваат дека дури сто семејства на територија на општина Центар во Скопје се греат на јаглен, а многу од домовите се затоплуваат со неквалитетни дрва но и со друг штетен материјал.

Како дел од мерките за намалување на загадувањето заменик-министерот посочи дека треба да се работи на јавниот транспорт во Скопје особено за приватните и за такси превозот.Најави и дека идната недела почнуваат активностите за пречистителна станица во Скопје на Вардар, за што посочи дека прават многу проблеми градбите во реките. Исто така посочи дека наредната година приоритет се активности и за решавање на проблемот со линданот во ОХИС.

XS
SM
MD
LG