Достапни линкови

Бугарија-девет загинати при удар на минибус во камион


Илустрација-возилото на бугарската полиција

Девет лица загинаа, а 19 се повредени при удар на минибус во камион денеска во централна Бугарија, соопшти бугарското министерство за внатрешни работи. Возачот на автобусот, кој превезувал група слепи луѓе дома по ексурзијата во Драјаново е меѓу загинатите, а дел од повредените се во критична состојба. Несреќата се случила на автопатот Софија-Варна во близина на местото Микре, околу 130 километри од бугарскиот главен град. Причините за сообраќајката се уште не се познати, но бугарскиот премиер Бојко Борисов нареди министерството за транспорт да направи целосна истрага.

XS
SM
MD
LG